Поетики на радикалното издаваштво*
23.11.2016 | Читачки групиОрганизирање читачки групи за темелно читање пропратено со дискусија на избрани делови од две книги, кои го обработуваат проблемот на политичка субјективност, а кои неодамна беа преведени во Нови Сад и Загреб: Онтологија на незгодата од Кaтрин Малабу и Антропологија на името на Силвиан Лазарус. Антропологија на иметo силно аргументира дека политиката е мисла, која сочинува сопствено поле и категории, различни од политичките науки, економијата, историјата или филозофијата. Во книгата се тврди дека политиката, не е постојана карактеристика на општеството: тaа е ретка и секвенцијалнa. Онтологија на несреќата, преиспитува радикални трауми во кои историјата на субјектот се раздвојува и нова, персона без преседан, почнува да живее во субјектот, родена во и од незгода. При спроведувањето на ова испитување, Катрин Малабу артикулира со единствена јаснотија еден нов каузален режим, режим каде што се случуваат настани кои не и должат ништо ниту на помислата на настанот, ниту на која било постоечка теорија на психичката траума. Читачка група 1: Силвиан Лазарус: "Антропологија на името" Модератор: Бранка Чурчиќ Читачка група 2: Катрин Малабу: "Онтологија на незгодата" Модератор: Анте Јериќ |
24.11.2016 | Спринт презентација на книги
Презентери: Мика Буљевиќ, Бранка Чурчиќ, Зоран Гајиќ, Никола Гелевски. Спринтот од презентација на книги е серија на петминутни презентации во која секој учесник претставува свој избор од три книги од мали радикали оздавачи од нивниот комнтекст на територијата на поранешна Југославија. Насловите на книгите ќе останат изненадување до почетокот на спринтот. 24.11.2016 | "Јас сум член на буржоаската класа"
|