Kontrapunkt
  • HOME
  • About
  • KRIK Festival
    • KRIK 2016
    • KRIK 2017
  • CC Tocka
  • Projects
    • Димензии на слободата
    • Екстравагантен криминал
    • Aesthetic Education Expanded (2015 - 2017)
    • Школа за критичко мислење и дебатирање
    • Poetics of radical publishing
    • Aesthetic Education Expanded (2012 - 2014) >
      • Love and the artist
    • Deschooling classroom
    • School for critical thinking and debating
    • Confluent margins
    • Across Europe
    • Robert Bosch Cultural Manager
    • Private Public
    • Philantropic hat
    • Re-defining public spaces
    • Disseminated margins
  • Advocacy
  • People
  • Support

Филмски фестивал за човекови права
18 - 20.11.2016
​Кинотека на Македонија


Селектор на филмската програма
Петар Милат


18.11 | 20:00: "Аустерлиц" (2015)
Сергеј Лозница 

Picture
Документарен, Германија
74 мин., црно-бел, ДСП
Режија: Сергеј Лозница (Sergei Loznitsa)
Сценарио: Сергеј Лозница (Sergey Loznitsa)

​
Новиот филм на Сергеј Лозница  Аустерлиц е остар, но богат и комплексен портрет на група туристи, кои се во посета на поранешен нацистички концентрационен логор, а на моменти претставува иронична студија на врската (или судирот) помеѓу современата култура и светоста на местото. Клучното прашање кое е провокација за авторот е што се случува кога ќе се сретнат меморијалното и музеолошкото - кога местата на смрт и уништување ќе се трансформираат во туристичка дестинација? Аустерлиц, на Лозница е насловен според ремек делото на големиот романсиер В. Г. Себалд, а со кое, едновремено, влегува во енигматичен и предизвикувачки дијалог.

21:15  Илегален Парнас- Презентација на книга на Бојан Бабиќ
Што значи да се биде странец? 
Разговор со Бојан Бабиќ и Никола Гелевски
Модератор: Роберт Алаѓозовски

(настанот е реализиран во соработка со Готен)
​
Некогаш во минатото направив грешка и сега сум во погрешен живот.
Зебалд - Аустерлиц


Почнувајќи од војните на просторот на бивша Југославија, на овие наши заеднички простори, преовладува чувство на непоправливост на ситуацијата - губење на надежта за подобар живот или еден историски песимизам кој кај мислечките луѓе, со тек на време, прераснува во антропопесимизам, губење на верба во човекот. Од каде доаѓа тоа чувство на бидување во ќорсокак - како поединци, како општество, како човечки вид - чувство на неможност суштински да направиме промена на подобро, не само во општеството во кое живееме, туку, последично и во сопствените животи.

Дали нашето индивидуално паметење е условено од општеството? Зошто се чувствуваме искоренети, како емигранти, иселеници иако никаде не сме се отселиле и целиот живот живееме на едно место? Дали е тоа искоренување од традицијата или од самата смисла? Дали е литературата длабока потрага по причините за суптилните, неподносливи и тешки психолошки состојби на јунаците предизвикани од историските околности, низ кои и авторот и раскажувачот и јунаците и читателите лутаат, сè додека не дојдат до ѕидот на историскиот молк? Дали бавењето со уметност во општества како нашите е активизам или ескапизам? Имаме ли право да живееме на Парнас кој самите сме го израдиле на сред калливиот пат на голата неслобода и корупција? Ќе разговараме за сите овие прашања, не давајќи конечен одговор.

19.11 | 20:00: "Смртта на Луј XIV"(2016) Алберт Сера

Picture
Игран филм, Португалија, Франција
115 мин., колор, ДСП
Режија: Алберт Сера (Albert Serra)
Сценарио: Тиери Луна, Алберт Сера (Thierry Lounas, Albert Serra)
Улоги: Жан-Пјер Леуд, ПАтрик Дасумсјао, Марк Сусини (Jean-Pierre Léaud, Patrick d'Assumçao, Marc Susini)

​
Филмот на Сера во сите критики е прогласен за еден од најубавите, но и естетизирано најкомплексните филмови кои создаваат тескобност преку темата, слоевитите пораки и актерската совршена игра. Филмот почнува во моментот кога Луј XIV, Кралот Сонце или најмоќниот човек на светот, е со веќе нарушено здравје.  Сера во фокус ја има темата на деградација на моќта преку човековото тело. Биополитичката димензија на филмот е високо естетизирана и ликовно субверзивна. Во меѓувреме, најмоќниот човек на светот се претвора во куп полусвесно месо, а таа груба деградација е уште поморничава затоа што старецот е опкружен со раскош и церемонијален проткол. Преку овој филм Сера моќно навлегува во порозната, ентрописка слика на современиот свет на спектаклот, кој почива врз парадигмата за смрт.

20.11 | 20:00: "Хаварија" (2016)
Филип Шефнер 

Picture
Игран филм, Германија
93 мин, колор, ДСП

Режија: Филип Шефнер (Philip Scheffner)
Улоги: Рим Ибрир, Абдала Бенаму, Леонид Савин, Тиери Дајмонд (Rhim Ibrir, Abdallah Benhamou, Leonid Savin, Terry Diamond)


​Филмот Хаварија е своевиден филмски државен удар на вистинскиот радикализам. Темата за мигрантските трагедии која е експлиците доказ за рапидното обесчовечување на човештвото, Шефнер ја обработува токму со постапка на статичност. Со тоа создава деконструктивистичко толкување на есенцијата на значењето на мигрантската траума.
Географската широчина на местото на случување е 37º 28.6'N 0º3.8'E. Гумен чамец полн со луѓе, едниот од нив мавта. Камерата полека се врти кон десно и покажува туристи на патнички брод коишто гледаат во морето. Камерата се враќа назад, го допира чамецот уште еднаш и потоа врти кон лево, на другата страна на бродот. Прекршената светлина го бои, а вертикалниот зрак на светлина го одвојува бродот од чамецот, на кој камерата повторно се враќа. Понекогаш сликата се замаглува; сенишни рефлексии се појавуваат во водата. Во исто време, се слуша следново: спасувачката екипа преку радиото моли за трпение додека не пристигне хеликоптерот. Во текот на дејството, сликите ја престигнуваат реалноста. Havarie на тоа реагира преку кондензација на звукот и го оградува од сликата, и на тој начин се создава простор на перцепција којшто му овозможува на гледачот да ја искуси сопствената позиција без притоа да го изгуби од вид предметот којшто се доведува во прашање.
Петар Милат  е еден од најзначајните филозофи на поновата генерација, кој својот фокус го става на истражувањата поврзани со интерференциите и критичките релации помеѓу политиката, моќта, наложеноста, дисциплината и уметноста. Тој е главен програмски координатор на култниот Мултимедијален институт во Загреб, МаМа каде ги координира издавачката, музичката и филмската програма. Од 2008 година е директор на Филмскиот фестивал за човекови права во Загреб.
​
Роберт Алаѓозовски е фриленс писател, истражувач, менаџер во културата, критичар на уметноста и културата од Скопје. Магистрирал на Компаративна книжевност на Универзитетот во Скопје, Кирил и Методиј. Автор е на четири книги и десетина студии за филологија, филм, и културна политика. Поранешен претседател на мрежата Oracle на европски културни менаџери во Брисел, и тренер на европско Marcel Hicter’s European Diploma за културен проект менаџмент. Член е на здружението на независни писатели на Македонија и на редакцијата на Сарајевске свеске. Вклучен е во многу проекти за децентрализација во културата, интеркултурализмот, регионална или меѓународна соработка.

​Бојан Бабиќ дипломирал на Одделот за српска и светска книжевност на филолошкиот факултет. Бабиќ бил гостин во неколку програми за престој на писатели, читања и фестивали. До сега Бојан има напишано три книги поезија, флеш фикција и куси раскази, како и четири новели. Во подготовка е и преводот на неговата книга Girls, be good, на англиски јазик која ќе биде издадена кон крајот на 2016 година, од страна на издавачката куќа Glagoslav publications, во Лондон.

Никола Гелевски е директор на книгоиздателството Темплум од 1989 година.Тој е главен и одговорен уредник на списанието Маргина како и на списанието за стрип Лифт. Како граѓански активист е вклучен при основањето на здружението Контрапункт, Плоштад Слобода и ГЕМ- Граѓани за Европска Македонија. Бил колумнист во повеќе дневни и периодични весници како: Форум, Утрински весник и Глобус. Основач е и главен и одговорен уредник на порталот Окно. Автор е на книгите: Призрак против Сенка, 1993; Светулки и мракови, 2002; Контрапункт, 2004; Архитортура и гробализација, 2010; Скопски приказни од 2014, 2011.

Филмскиот фестивал за човекови права се реализира со логистичка поддршка од Кинотека на Македонија. 
KRIK Festival for critical culture

About KRIK

KRIK 2016

KRIK 2017
Kontrapunkt

About us

Projects

Cultural center Tocka

Impressum 
Picture
Picture
  • HOME
  • About
  • KRIK Festival
    • KRIK 2016
    • KRIK 2017
  • CC Tocka
  • Projects
    • Димензии на слободата
    • Екстравагантен криминал
    • Aesthetic Education Expanded (2015 - 2017)
    • Школа за критичко мислење и дебатирање
    • Poetics of radical publishing
    • Aesthetic Education Expanded (2012 - 2014) >
      • Love and the artist
    • Deschooling classroom
    • School for critical thinking and debating
    • Confluent margins
    • Across Europe
    • Robert Bosch Cultural Manager
    • Private Public
    • Philantropic hat
    • Re-defining public spaces
    • Disseminated margins
  • Advocacy
  • People
  • Support
✕